- Pon Okt 14, 2013 3:51 pm
#80395
Jel si jos ljut na mene sto ga nisi uzeo u ABA fantasy tim?
Ova recenica je pogodila sustinu:"...а најзаслужен за тоа е токму искусниот центар, кој јасно покажува дека годините не му претставуваат проблем за да продолжи да им дели лекции на своите помлади колеги."
Jaycee Carroll napisao:
Тоше мајсторе: Гечевски е МВП на колото во АБА-лигата
Тодор Гечевски уште еднаш покажа зошто важи за еден од најдобрите центри во АБА-лигата, откако го предводеше МЗТ Скопје до триумф на мечот со Будуќност. Искусниот 36-годишен центар им делеше лекции на високите кошаркари на црногорскиот состав, а за своето маестрално издание сосема заслужено се закити и со признанието за МВП на третото коло во АБА-лигата.
Имено, Гечевски мина на теренот 29 минути, за кои успеа да реализира 27 поени со одличен шут (1/3 за три, 10/13 за два и 4/4 за еден поен). Ако на ова се додадат и десетте скокови, три асистенции и две блокади, јасно е како Гечевски стигнал до фантастичната бројка од 39 индексни поени, што е доказ за неговата маестралност на саботниот меч. За доминацијата на нашиот центар најдобро говори фактот дека ниту еден друг кошаркар на останатите средби не стигна ниту до 30 индексни поени, па јасно е дека МВП-наградата апсолутно заслужено завршува во рацете на Гечевски.
МЗТ Скопје одново игра одлично во регионалното натпреварување, а најзаслужен за тоа е токму искусниот центар, кој јасно покажува дека годините не му претставуваат проблем за да продолжи да им дели лекции на своите помлади колеги.
Jel si jos ljut na mene sto ga nisi uzeo u ABA fantasy tim?
Ova recenica je pogodila sustinu:"...а најзаслужен за тоа е токму искусниот центар, кој јасно покажува дека годините не му претставуваат проблем за да продолжи да им дели лекции на своите помлади колеги."




- By Bojdo