Uros Lucic iz Krke prvo pojacanje Vlade Vukoicica,ajde neka je sa srecom i da budes bar upola kao Vladu Lucica!
Урош Лучиќ е првото засилување на Влада Вукоичиќ како тренер на МЗТ Скопје. Актуелниот шампион на Македонија преку својата официјална веб-страница обелодени дека српскиот крилен центар (207 см, 1983 година) ги договорил сите услови за доаѓање во МЗТ Скопје, со што тој стана првото засилување на „металците“ откако претходно приоритет беше ставен на потпишување нови договори со главните играчи од ланската сезона.
Лучиќ е нов член на МЗТ Скопје
„Управата на МЗТ Скопје Аеродром информира дека е постигнат договор за ангажман на српскиот кошаркар Урош Лучиќ во дресот на македонскиот шампион за сезоната што престои. Лучиќ (207 см, 1983 год.) е српски кошаркар кој игра на позицијата крилен центар. Низ својата кариера има настапувано за Раднички, Слога, Ергоном, Здравје, Визура, Златорог Лашко, Крка, Стеауа, ОКК Београд и Раднички Крагуевац. Минатата сезона Лучиќ ја помина во дресот на словенечкиот шампион Крка, каде што имаше просечен учинок од 8.4 поени и 4.3 скока при настапите во словенечкиот шампионат, АБА лигата и Евро Челинџ натпреварувањето“ - се вели во соопштението на МЗТ Скопје.
За очекување е Лучиќ да нема првотимски статус во таборот на „металците“, ако се земе во предвид фактот дека центарскиот тандем Гечевски - Чековски функционираше беспрекорно во текот на ланската сезона. Сепак, помошта на овој кошаркар сигурно ќе биде добредојдена со оглед на фактот дека МЗТ го очекува максимално напорна сезона во која ќе се натпреварува во АБА-лигата, во Еврокупот, а воедно и ќе ја брани двојната круна на домашната сцена.
Само за потсетување, македонскиот првак претходно потпиша нови договори со Чековски, Гечевски, Дамјан Стојановски, Кејд Дејвис и со Никола Оташевиќ, а во тек се и преговорите за ангажман на двајцата македонски репрезентативци Војдан Стојановски и Александар Костоски.
„Металците“ разговараа и со центарот на Куманово, Урош Луковиќ, но последните информации говорат дека овој кошаркар сепак кариерата ќе ја продолжи во Србија, каде интерес за неговите услуги искажаа неколку клубови (пред се Раднички Крагујевац и Војводина).